Од 30 декември до 10 јануари: Австрија забранува слетување на авиони од Јужна Африка

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Од среда (30 декември) во Австрија ќе стапи во сила забрана за слетување на авиони од Јужна Африка поради појава на мутација на коронавирусот.

Таа мерка ќе важи, како и претходната забрана за слетување на авиони од Велика Британија, до 10 јануари, според новата регулатива.

Новиот декрет ја затвора „дупката” што, според медиумите, ја користеле германските туристи да доаѓаат од Јужна Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот