Од 29 мај ќе се вози по автопатот Приштина-Скопје

Автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува косовскиот главен град со Северна Македонија, ќе биде целосно пуштен во употреба на 29 мај оваа година.

Информацијата за привршувањето на градежните работи на автопатот од Приштина до Генерал Јанковиќ, односно до граничниот премин Блаце меѓу Косово и Северна Македонија, ја изнесе Министерството за инфраструктура на вчерашната седница на косовската Влада, откако премиерот Рамуш Харадинај побарал извештај за текот на работите на автопатот.

– Премиерот доби одговор од заменикот министер за инфраструктура дека пуштањето во употреба на овој автопат е планирана да се одржи на 29 мај, додека за исполнувањето на финансиските обврски од страна на Министерството се изготвува извештај што ќе биде презентиран пред владиниот кабинет многу наскоро, се вели во соопштението по седницата на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот