Од 26 починати од ковид-19 кои биле вакцинирани, 17 примиле „Синофарм“

Ковид-состојба во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Како што информираат од Министерството за здравство, во период од 8.10 до 14.10, починале 105 пациенти со ковид-19, од нив над 75% биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со ковид-19 биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.

Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со вакцина „Астра-Зенека“, четири починати пациенти со ковид-19 примиле вакцина „Синовак“, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“.

Во продолжение, ве информираме за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26-те пациенти кои починале со ковид.

8 октомври

Пријавени за починати 16 пациенти со Ковид 19, 5 од починатите биле вакцинирани:

84 год. кардиолошко заболување

62 год. кардиолошко заболување

78 год. кардиолошко заболување

63 год. кардиолошко заболување и дијабет

73 год. кардиолошко заболување и дијабет

9 октомври

Пријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.

10 октомври

14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани.

64 год. кардиолошко и малигно заболување

59 год. со кардиолошко заболување

68 год. кардиолошко заболување и дијабет

11 октомври

18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани:

72 год. кардиолошка и белодробна болест

69 год кардиолошка болест

81 год кардиолошка болест и дијабет

76 год кардиолошка болест

64 год белодробно заболување

56 год кардиолошко заболување

12 октомври

6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување;

13 октомври

20 пријавени за починати, 8 вакцинирани:

61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам

80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување

77 год. кардиолошко и белодробно заболување

78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

71 год. кардиолошко заболување

14 октомври

13 пријавени за починати, 4 вакцинирани:

75 год. крдиолошко заболување

74 год. кардиолошко заболување и дијабет

64 год. кардиолошко заболување и дијабет

77 год. невромускуларно заболување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот