Од 25 јануари до 5 февруари: Прва зимска онлајн школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Од 25 јануари до 5 февруари ќе се одржи првата онлајн Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура наведува дека е една од релевантните институции што се дел од националната платформа за одбележување на јубилејот, а целта на платформата, иницирана од министерствата за култура и за образование и наука е да се усогласат сите проекти и настани предвидени на национално и на меѓународно ниво во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески (1921-1993).

– Првата зимска школа што ќе се одвива секој ден по четири часа е вистински влог во отпочнување на прославата на големиот јубилеј -100 години од раѓањето на Конески, соопшти МСМЈЛК.

На зимската школа ќе учествуваат 52 учесници од 16 земји – БиХ, В. Британија, Грција, Италија, Канада, Косово, Полска, Русија, САД, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка. За наставата се ангажирани се лектори (предавачи и професори) со долгогодишно искуство.

– Организирани се лекторски групи за сите нивоа (почетно, средно и напреднато што ги има и своите поднивоа, за јазик, за литература и за преведување), соопшти МСМЈЛК.

Организаторот најави дека на отворањето на првата зимска школа ќе има видеообраќања на претседателот Стево Пендаровски, на министерката за образование и наука Мила Царовска, на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Никола Јанкуловски и на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Весна Мојсова-Чепишевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот