Од 2025 „Дојче банка“ ќе ги укине кредитите за рудници за јаглен

Германскиот заемодавач исто така објави дека прекинува со финансирање на нови проекти на Арктикот поврзани со ископ на нафтени шкрилци.

Најдоцна до 2025 година „Дојче банка“ има намера да престане да ги финансира активностите поврзани со ископ на јаглен ширум светот.

Ваквата политика е во согласност и со најавите на Европската унија која во новиот седумгодишен буџет планира да одвои средства за финансирање на зелена енергија со цел да се намали загадувањето на воздугот и да се спречи глобалното затоплување кое во голема мера влијае на климатските промени на земјата.

Германскиот заемодавач исто така објави дека прекинува со финансирање на нови проекти на Арктикот поврзани со ископ на нафтени шкрилци.

Според соопштението кое е објавено денеска оваа одлука на сила стапува веднаш, пренесува „Ројтерс“.

За потсетување вчера во Свалбард, норвешкиот архипелаг на Арктикот беше соборен апсолутниот температурен рекорд, достигнувајќи 22 степени Целзиусови.

Ваквата информација ја објави норвешкиот метеоролошки институт.

Со 21,7 степени измерени во 18 часот по локално време во близина на Лонгјербан, архипелагот го имаше најтоплиот ден од кога започнале мерењата.

– Претходниот рекорд се случи на 16 јули 1979 година, кога беа измерени 21,3 степени – изјави метеорологот Кристен Гислефош.

Групата острови, познати како Спицберг, се наоѓа илјада километри од Северен Пол.

Последниот температурен рекорд, кој треба да трае до понеделник, е далеку над вообичаените температури за овој период од годината: во јули, кој е најтопол месец на Арктикот, температурите во Свалбард се движат помеѓу 5 и 8 Целзиусови степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот