Од 2.340 до 3.120 долари ќе чини потенцијалниот лек за Ковид-19

Лекови за ковидЕвропската агенција за лекови (ЕМА) одобри уште два лека за лекување на Ковид-19/ EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Компанијата „Гилеад”, со седиште во Калифорнија, одлучи цената на ремдесивир, потенцијелен лек за Ковид-19 да изнесува 2.340 долари за петдневен третман во САД и другите развиени земји.

Цената е помала од 5.080 долари, како што препорачуваше Институтот за економска анализа, америриканска група за истражување на цените.

Институтот како најниска цена за лекот предлагаше цена од 2.520 до 2.800 долари, ако евтиниот стероид дексамтазон, кој не е заштитетн патент, биде одобрен за лекување на новиот коронавирус.

Ремдесивир е лек одобрен за итна употреба кај некои пациенти во САД. Цената на ремдесивирот за пациенти во САД со приватно осигурување ќе чини 520 доалри за една доза, а бидејќи лекувањето се состои од шест дози, вкупно ќе чини 3.120 долари. Тоа е за 33 отсто повеќе отколку што „Гилеад” им наплати на владите на развиените земји – 390 долари за една доза односно 2.340 долари за циклус.

„Гилеад” постигна договор со американското Министерство за здравство, агенциите и државите да се организира достава на лекот до болниците до крајот на септември.

Европска Унија дозволи употреба на лекот под услов пациентот да е во тешка состојба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот