Од 16 јуни се укинува полицискиот час: Координативниот кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести

Скопје / март 2021 / фото: ЕПА/ЕФЕ

Главниот координативен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на олабавување на рестрикциите. За препораките Владата ќе дискутира и одлучи на следната владина седница.

Откако ќе ги усвои Владата, тие треба да стапат во сила од среда (16 јуни).

Препораките се однесуваат на: укинување на полицискиот час; да се отстрани лимитот од 100 присутни лица на свадбите и прославите; дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од капацитетот на објектот и не повеќе од 1 000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот