Од 15 ноември за влез во објектите ќе се бара сертификат за две дози вакцина

Кафуле во Скопје / илустрација Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од 15 ноември 2021 година за влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип ќе биде потребен сертификат или потврда за извршена имунизација (вакцинација) од ковид-19, односно примени две дози на вакцина, или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

– Владата на денешната седница донесе заклучок до 14 ноември 2021 година е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест ковид-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест ковид-19, соопшти владината прес-служба.

Извор: МИА

Дозволено организирање настани во затворен простор до 50 проценти исполнетост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот