Од 12 до 15 отсто поскапо осигурување на автомобилите во Србија

автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Полисата за задолжително осигурување од автоодговорност поскапе од 1 јануари 2023 година. Процентот на поскапување не е ист кај сите осигурителни компании и се движи од 12 до 15 проценти и важи за сите категории моторни возила. Здружението на осигурители на Србија наведува дека новите цени се усогласени со Народната банка на Србија (НБС), наведува Политика рс.

„Ова е прво поскапување од 1 јули 2014 година. Главна причина е инфлацијата на светско ниво, што доведе до драстично повисоки цени на резервните делови за возила, работните часови и користените делови, кои се репер цени за одредување на износот на политиката. Дополнително, има се повеќе хибридни возила чии резервни делови се значително поскапи и поподложни на дефекти, како што е батеријата, што исто така влијае на цената на полисата. Ова се главните причини зошто поскапе полисата за задолжително осигурување од автоодговорност. Ако на овие аргументи се додаде и растот на цените на мало од 2014 година, новите цени се всушност премија по овој основ, враќање на нивото од пред осум години“, велат за Политика во ова здружение.

За потсетување, во август минатата година осигурителните компании ги зголемија цените за 22 отсто без согласност на Народната банка на Србија, која тогаш сметаше дека тоа е неоправдано и им наложи да ги вратат на претходното ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот