Австрискиот парламент изгласа – сите возрасни мора да се вакцинираат од 1 февруари

Вакцинација против ковид-19 во Италија
Вакцинација против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Австрискиот парламент денеска го усвои предлогот за задолжителна вакцинација на возрасните против ковид-19 од 1 февруари. Имено, Австрија со ова стана првата земја во Европа која воведува задолжителна вакцинација.

Пратениците гласаа за задолжителна вакцинација, што ќе важи за сите жители на возраст од 18 и повеќе години. Исклучок се бремените жени, лицата кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини или кои закрепнале од инфекција со коронавирус во последните шест месеци.

До средината на март е планиран преоден рок без казни, а потоа високи казни до 3600 евра.

Австриска лотарија против лотаријата со здравјето: По три лоза за оние со засилувачка доза

Видео на денот