Од 1 февруари сите админстративци да се вратат на работа

Администрација / Фото: МИА

Проценка на надлежните институции е дали по една недела, сите административци повторно ќе се вратат на работа, велат од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) за „Слободен печат“. Дека треба да се работи, треба, но треба да се води сметка и за здравјето, предупредуваат синдикалците.

Според Пеце Груевски, претседател на овој синдикат, од почетокот на пандемијата во многу институции се покажало дека работата од дома со ништо не го нарушува нормалниот процес на работа, па ако има простор, тоа може да остане уште некое време. Викендов од Владата, стигна најава дека имаат намера од 1 февруари да ги вратат сите административци на работа. Образложението е дека има опаѓачки тренд на новоинфицирани со ковид-19, но сепак, ќе се побара мислење од Комисијата за заразни болести за конечната одлука.

– Ако проценките на надлежните покажуваат дека е време за враќање на администрацијата во полн состав, тогаш е апсолутно во ред, но ова е пресметан ризик. Во моментот немаме комплетна информација за бројот на заболени службеници, како и за лицата кои се во изолација, но јасно е дека треба да се работи- вели Груевски, за „Слободен печат“. Тој обелоденува дека од почетокот на пандемијата, им помогнале на 400 административци од синдикалниот, солидарен фонд, за да ги покријат трошоците поради намалените плати заради боледување и за купување на лекови, ако биле на домашно и болничко лекување.

-Со оглед на тоа дека бројот на заразени е намален, од 1 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државна и јавна администрација во полн состав со полно работно време во работните места. За овој став претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести – информираа од владината служба за односи со јавност.

Државната и јавна администрација, општините и судовите, согласно одлуката на Владата од 20 октомври 2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести, ја организираше работата во смени, на далечина (дома) или, пак, редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите, имајќи го предвид Протоколот за превентивни мерки за сите работни места. На шалтерите со работно време од 8 до 16 часот, задолжително имаше по најмалку еден вработен, но тоа предизвика големи застои во обработката на предметите или при издавањето на документите.

-Порад есенскиот пик на пандемијата, на почетокот на октомври, побаравме од Министерството за инф.општество и администрација, поголема заштита на вработените на работните места и доследно почитување на протоколите. Според нашите информации, поголемиот дел од државната администрација, ги почитуваше овие мерки – додава претседателот Синдикатот на УПОЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот