Од 1 до 3 октомври во „Јавна соба“ ќе се одржи Моден викенд Скопје

Моден викенд Скопје и ONLYAFEW најавуваат реномирани дизајнери, како и нови иновативни таленти од нашата земја и од странство, што ќе се претстават во рамките на тридневниот шоу-рум „Свесна мода“ од 1 до 3 октомври во „Јавна соба“.

Поканата е отворена за сите љубители на убавиот и квалитетен дизајн, кои ќе имаат уникатна можност да се запознаат со нив, да ги погледнат изложeните креации во живо, како и на самото место да си одберат единствени парчиња по најповолни цени.

Со музички перформанс на маестралниот Gloomié за свеченото отворање на 22. издание, на 1 октомври со почеток од 19 часот, во „Јавна соба“ ќе се означи почетокот на најкултното модно случување во градот.

Моден викенд Скопје оваа сезона е конципиран како тридневен „поп-ап“ настан со продажен шоу-рум, арт-инсталации, студентски изложби, едукативни предавања и богата музичка програма. Влезот е слободен од 10 до 22 часот на 2 и 3 октомври.

Списокот на учесници го сочинуваат еминентни и перспективни дизајнери и брендови од земјата и од странство, како Ирина Тошева, Евгенија Зафировска, Терзија, Стефанија Насеска, Пара Тодос, Тесути арт од Ана Јаким, Котев Ксенија, Саксија урбан потс, Мелеем...

Експонатите ќе може да се купат со големи попусти на принципот „See now-Buy now“.

За време на настанот ќе бидат применети сите мерки и препораки за заштита и превенција од ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот