ОЧИГЛЕДНО Ѝ ПРОСТИ: Еве што и купи Душко на Карлеуша за роденден

Курир.рс/Ана Паунковиќ

Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска полни 41 година, а според српските медиуми нејзиниот сопруг има доста скап подарок за неа.

Јелена последната година помина низ многу турбуленции со откривањето на аферата со Огњен Врањеш во јавноста, но нејзиниот сопруг очигледно ѝ прости.

-Душко долго размислуваше што да ѝ купи на Јелена за роденден. Сакаше тоа да биде досега најгламурозниот подарок и се реши за јахта. Знае дека летото е најомилениот период на Јелена, дека таа обожува море, па така и сфати дека тоа би бил најдобриот подарок. Плус како семејство ќе може да крстарат каде сакаат. Но, голем удел во изборот имале и неговите две ќерки Атина и Ника, кои од мали се научени на многу патувања поради честите промени на клубовите на Душко, а во последно време во еден разговор му кажале дека би сакале почесто да одат на крстарења заедно. Сето тоа пресудило Душко да ѝ купи јахта на Јелена, објавил за српските медиуми извор близок до семејството на српскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот