Очиг­лед­ни зна­ци де­ка сте де­хид­ри­рани

Важ­нос­та на хид­ра­та­ци­ја­та на ор­га­низ­мот ре­чи­си на си­те им е поз­ната, но би мо­же­л да ве ин­те­ре­си­ра фактот де­ка жед­та не е единствен по­ка­за­тел де­ка ва­ши­от ор­га­ни­зам коп­нее по вода.

Постојат вид­ли­ви зна­ци што ука­жу­ва­ат на тоа де­ка сте де­хид­ри­рани.

Гла­во­бол­ка – Ор­га­низ­мот кон­стан­тно гу­би теч­ност, што зна­чи де­ка со тоа гу­би и есенци­јал­ни соли, кои се од­го­вор­ни за крв­на­та слика. Мо­зо­кот е чув­стви­те­лен на так­ви про­ме­ни и таа чув­стви­тел­ност е пот­тик­ну­вач на гла­во­бол­ката. Што по­ве­ќе гу­би­те теч­ности, тол­ку по­ве­ќе крв­ни­от при­ти­сок па­ѓа и до­ве­ду­ва до по­мал­ку кис­ло­род во мо­зо­кот при што крв­ни­те са­до­ви се ши­рат, што, пак, ре­зул­ти­ра со уш­те по­ло­ша гла­во­болка.

Ури­на­та е мно­гу жол­та – До­кол­ку ва­ша­та ури­на има ин­тен­зив­на жол­та боја, вре­ме е да се на­пи­е­те ча­ша вода. Так­ва­та ури­на зна­чи де­ка концен­тра­ци­ја­та на сол е по­го­ле­ма од нор­мал­на­та и де­ка ор­га­низ­мот не мо­же доб­ро да се ис­чис­ти и се со­би­ра­ат от­пад­ни ма­те­рии и ток­сини. Ко­га сте до­вол­но хид­ри­рани, от­ро­ви­те и дру­ги­те ма­те­рии лес­но се из­ла­чу­ва­ат од ор­га­низ­мот, но ако не пи­е­те до­вол­но вода, се зад­ржу­ва­ат во ор­га­низ­мот.

Стра­да­те од за­пек – Во­да­та по­ма­га во про­то­кот на ма­те­ри­и­те низ цре­ва­та и по­на­та­му над­вор од ва­ше­то тело, па ако те­ло­то не до­би­ва до­вол­но теч­ности, не­ма со што да тр­гне, а вие не­ма­те сто­лица. Во­да­та по­ма­га во праз­не­ње­то на цре­ва­та и во нив­но­то ефи­кас­но чис­тење. Ако во ор­га­низ­мот не­ма до­вол­но вода, хра­на­та по­теш­ко ќе се дви­жи и по­дол­го ќе се зад­ржи во цре­вата. Ре­зул­та­тот е неп­ри­јат­на по­ду­е­ност и тврда сто­лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот