Очекувано, Њу Орлеанс го избра Вилијамсон

Колеџ сензацијата или најголемото кошаркарско чудо по Леброн Џејмс, Зајон Вилијамсон, очекувано е прв пик на НБА драфтот. Њу Орлеанс хорнетс по размената на Ентони Дејвис, се одлучи иднината на тимот да ја гради околу Зајон Вилијамсон.

Вилијамсон минатата сезона блескаше во дресот НЦАА лигата, тој за Дјук Универзитетот имаше просек од 22.6 поени и 8.9 скокови по натпревар.

– Ова е остварување на сонот. Целиот живот го посветив на кошарката и конечно ќе заиграм со „големите“ момци – изјави Вилијамсон.

Како втор избор на драфтот, Мемфис гризлис се одлучија за кошаркарот на Мареј Стејт Универзитетот, Џа Морант. Соиграчот на Вилијамсон од Дјук, Ар Џеј Берет оди во Њујорк никс кој избираше како трет.

Иако Њу Орлеанс пеликанс имаше право на четвриот пик, тие го разменија во Атланта хоукс која го избра Деандре Хантер од Вирџинија Стејт. Атланта бираше и како осма и се одлучи за кошаркарот на Тексас Универзитетот, Џексон Хејс.

Дариус Гарланд е избран како петти пик и тоа од страна на Кливленд кавалирс.
Камерон Џонсон од Северна Каролина како шести избор оди во Феникс санс, а меѓу првите 10 избори се најдоа уште и Коби Вајт (Чикаго), Руи Хачимура (Вашингтон) и Кем Редиш (Атланта).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот