Очајната Барселона поразена на „Местаља“ од Валенсија

twitter/LaLiga

Валенсија по пауза од 13 години конечно успеа да ја совлада Барселона на „Местања“. Валенсија триумфира со 2:0 во дербито на 21. коло на шпанската Ла Лига.

Победата можеше да биде поубедлива доколку Максимилијано Гомез не го промашеше пеналот во првото полувреме.

На самиот старт од второто полувреме, во 48. минута Валенсија поведе со автоголот на Жорди Алба, а во 77. минута победата ја осигура Гомез.

Со освоените три бода Валенсија се искачи на петтото место со 34 бодови, додека Барселона остана лидер на табелата барем до утревечер кога Реал Мадрид игра против Ваљадолид. Двата шпански гиганти имаат по 43 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот