Иднината е сега: Мајка „се сретна“ со својата почината ќерка со помош на виртуелна реалност

Тажната средба на една мајка со нејзината мртва ќерка со помош на виртуелна реалност на една јужнокорејска телевизија изминативе месеци стана хит на Интернет, предизвикувајќи жестока дебата за воајеризам и експлоатација!

Видеото започнува со едно девојче кое починало од леукемија во 2016 година, кое излегува зад купот дрвја во еден парк, како да си игра криенка.

„Мамо, каде си?“, прашува таа. „Многу ми недостигаш. Дали јас ти недостигам?“

Со солзи кои неконтролирано се слеваа по нејзиното лице, Џанг Џи-сунг избезумено подаваше рака кон неа.

„Ми недостасуваш На-јун“, му рече на компјутерско генерираното шест годишно девојче, со рацете обидувајќи се да ја погали.

Но, во реалниот свет, Џанг стоеше пред зелениот екран во студиото, носејќи опрема за виртуелна реалност со ракавици осетливи на допир.

На моменти, камерата се фокусираше и на сопругот на Џанг и нивните три деца, бришејќи ги солзите од своите лица.

Деветминутното видео за документарецот на „Munhwa Broadcasting Corporation (MBC)“, „I met you“, е прегледан повеќе од 22 милиони пати на Jутјуб!

Многу гледачи ѝ изразија сочувство на Џанг и го поддржаа концептот на овој проект.

„Мајка ми неочекувано почина пред две години и посакувам да се сретнам со неа со помош на виртуелна реалност“, пишува еден од гледачите.

Но, медиумскиот колумнист Парк Сенг-хјун пак, вели дека документарниот филм претставува есплоатација на лична болка!

„Разбирливо е дека ожалостената мајка сакала да се сретне со својата покојна ќерка. И јас би го направил истото“, изјави тој.

„Проблемот е во тоа што радиодифузерот ја користи ранливоста на мајката која изгубила дете заради гледаност… Ако мајката стручно се советувала пред снимањето…“, додава Парк „се прашувам каков психијатар би го одобрил ова“.

Потребни биле осум месеци снимање и програмирање за да се создаде виртуелното девојче На-јун, но креаторите на документарниот филм настојуваат да докажат дека целта на овој проект е да го „утеши семејството“ а не да ја промовира виртуелната реалност во Јужна Кореја.

Технологијата претстави „нов начин да го задржиме споменот на саканите во нашата меморијата“, рече еден од продуцентите.

Самата Џанг се надева дека оваа програма ќе „утеши“ и други луѓе кои ги изгубиле своите најблиски.

„И покрај тоа што беше многу кратко… Јас бев навистина среќна во тој момент“, напиша таа на својот блог – кој оттогаш го направи приватен.

За време на преносот, двете седнаа на маса за да ги прослават сите пропуштени родендени на На-јун, пеејќи заедно песна за „среќен роденден“.

Пред да ги дувне свеќите, На-јун ја кажа својата роденденска желба: „Сакам мајка ми да престане да плаче.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот