Обврска од август: Банките и штедилниците со прецизни информации за кредитните услови

Фото: Fotostand / K. Schmitt / AFP / Profimedia

Од почетокот на август, банките и штедилниците ќе треба на видно место на своите веб-страници да ги објавуваат условите за банкарските производи за населението.

Податоците ќе треба и редовно да се ажурираат, а најмалку еднаш во тримесечјето. Објавата ќе ги опфати најрепрезентативните видови потрошувачки и станбени кредити, како и видовите депозити за населението.

Покрај основните информации, како рочноста, валутата и каматната стапка, предвидено е објавите да вклучуваат и дополнителни подетални информации (какви што се висината на стапката на вкупните трошоци кај потрошувачките кредити и трошоците коишто не влегуваат во оваа стапка, видот на обезбедувањето и минималниот сооднос обезбедување/кредит кај станбените кредити, можноста за предвремено разрочување кај депозитите и други).

Ова е содржано во новите Насоки, а на кои се потпишаа гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на Македонска банкарска асоцијација (МБА), Маја Стевкова-Штериева.

Потпишувањето на овој документ во банкарскиот сектор е прв и значаен чекор од спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто неодамна беше усвоена од финансиските регулатори.

Бројки

4,79 милијарди денари изнесувала добивката на ЈП Државни патишта во 2020 година

410 милиони денари лани заработила АД Државна лотарија, а заработката на МРТ изнесувала 74,5 милиони денари

385 милиони денари лани загубила „М-НАВ“, која секогаш во минатото имаше големи приходи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот