Обвинителството во Париз отвори истрага, Макрон на местото на настанот

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER / POOL MAXPPP OUT

Обвинителството во Париз отвори истрага за пожарот во катедралата Нотр Дам, кој доцна попладнево изби поради што падна главната кула. Пожарот уште гори во централниот дел на катедралата, но засега уште не е под контрола. Претставник на црквата кажа дека гори целата внатрешност на црквата од 12 век и дека најверојатно ќе биде уништена. Исто така гори и комплетната средновековна дрвена конструкција.

Заменик-градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар рече дека има „огромна штета“ откако потврди дека паднала кулата. Тој кажа дека покривот паднал навнатре и дека работниците се борат да ги спасат сите бесценети уметнички дела.

 

На местото на настанот пристигна и претседателот Емануел Макрон заедно со премиерот и министерот за внатрешни работи. Засега нема податоци за жртви или повредени.

 

Се претпоставува дека пожарот има врска со тековното реновирање на катедралата вредно 6 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот