Обвинителството упадна во домот на Моралес

Фото: Профимедиа

Боливиското обвинителство потврди дека е извршен претрес во домот на соборениот претседател Ево Моралес како дел од истрагата за тероризам и противдржавна дејност против поранешниот лидер на земјата кој е во егзил.

Моралес минатиот месец поднесе оставка по речиси 14 години на власт по наводите дека ги фалсификувал парламентарните избори. Оттогаш тој се наоѓа во Мексико, каде доби азил како „жртва на преврат”.

Неговата наследничка Жанин Анес го обвини Моралес и други негови соработници за разгорување на жестоки судири по изборите во Боливија, кои траеја повеќе од еден месец и во нив загинаа десетици луѓе.

Обвинителот Руди Теразас изјави дека претресот во домот на Моралес во Ахумани, богат кварт во административната престолнина Ла Пас, е „извршен по судски налог”.

Компјутерите, пронајдени во имотот, ќе бидат прегледани поради докази за „тероризам и дејствија против државата”.

Моралес на Твитер напиша дека истражните органи ја злоупотребиле својата должност.

Сегашната власт тврди дека Моралес предизвикал голем недостиг на храна и гориво, давајќи им инструкции на своите следбеници да ги блокираат патиштата кои водат кон големите градови, по неговото заминување во Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот