Обвинителството тврди дека ќе докаже вина кај креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“

фото Фејсбук

Обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба”  преку социјалната мрежа Телеграф, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете,  истакна обвинителот Владимир Милошевски на првото рочиште за предметот „Јавна соба” во кој се обвинети Д.К. 32 години и М.П. 22 години.

Првиот како основач и администратор на групата, а второобвинетиот како администратор и модератор на групата кои, според обвинителот, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните, визуелните и аудуовизулените содржини прикачувани од членовите на групата.

Додаде дека ќе докаже дека апликацијата која ја имале двајцата обвинети во своите содржини давале напатствија како и под кој услови може да се користи но и рестрикциите кои апликацијата ги наведува.

-Обвинителството ќе докаже дека умислено и свесно инсталирале апликација, делувале као администор и креаторт на апликацијата на која формирале група „Јавна соба” и ќе докаже дека во групата е споделен аудиовизуелен материјал со полови дејствија на деца. Ќе докажеме дека директно е загрозен половиот морал и дека е загрозена детската слобода и заштита на физичкиот и менталниот идентитет и дигнитет на детето, потенцира обвинителот.

Адвокатите на одбраната пред почетокот на рочиштето побараа одлагање на денешното судење со образложение дека целокупниот доказен материјал не им бил доставен, кој, спооред нив, е во прилог на обвинителниот акт. За прв пат им бил дозволен увид пред два дена, а физички ги добиле вчера и тоа само дел од истите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот