Обвинителството со предлог казни за случајот „Боемска”: За две физички лица по 100 дневни глоби, за правното – 150.000 денари

Фото: mia.mk

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање на казнен налог против две физички лица и едно правно лице во случајот „Боемска”. Станува збор за угостителскиот објект во кој на 3 јуни во внатрешноста беа послужени пет гости, спротивно на здравствените протоколи. Затекнатите гости, како што стои во соопштението од судот, не подлежат на кривична одговорност.​

– Обвинетите, на 3 јуни, во периодот од 13:30 до 18 часот, во угостителски објект на улицата „Боемска”, не постапиле согласно прописите и наредбите за спречување на ширењето на ковид-19. Првообвинетата, како сопственик и управител-менаџер на обвинетото правно лице, не го организирала процесот на работа на угостителскиот објект согласно Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана. Второобвинетиот, вработен во правното лице, во наведениот период го отворил внатрешниот, затворен дел на угостителскиот објект за работа, каде со храна и пијалоци биле послужувани пет гости. Со овие дејствија обвинетите сториле кривично дело санкционирано во ставот 1 од член 206 од Кривичниот законик, а правното лице – кривично дело предвидено во ставот 2 од истиот член, се наведува во соопштението од Судот.

Предлогот на обвинителот е двете физички лица да бидат казнети со парични казни по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 25 евра, а за правното лице се предлага парична казна во висина од 150.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот