Обвинителството подготвува ново барање за екстрадиција на Груевски

epa07676907 Former prime minister of North Macedonia Nikola Gruevski (C) leaves the Budapest-Capital Regional Court after his extradition trial in Budapest, Hungary, 27 June 2019. The court refused to extradite the fugitive ex-prime minister of North Macedonia to face justice in his home country, where he should have started a two-year prison sentence. EPA-EFE/ZOLTAN MATHE HUNGARY OUT

Како и за сите други истраги, за осомничениот и во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“ се подготвува барање за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија, соопшти Јавното обвинителство за „Слободен печат“.

Јавното обвинителство на РСМ за „Слободен печат“ исто така потврди дека при претресите во становите на Груевски пронајдени се повеќе предмети. Обвинителството сепак ќе ги чека извештаите од МВР како надлежен орган за вршење на претресите па ќе одлучи со кои информации ќе излезе во јавност за да не се попречува натамошното водење на истрагата.

-Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, соопштуваат од ЈОРСМ.

„Слободен печат“ веќе објави дека во стан на екс премиерот Груевски откриени се и одземени 4 пиштоли за кои тој немал дозвола. Оружјето е предадено на вештачење. 

Оттаму потврдуваат дека по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција , а по сознанија за постоење на докази важни за истрагата, извршен е претрес во четири објекти  кои ги користел осомничениот. 

Според наодите на обвинителството за случајот „Плацеви на Водно“, Груевски преку донациите за партијата собрал 1,3 милиони евра и тоа во периодот од 2006 до 2012 година. Потоа во периодот од октомври 2012 до септември 2013 со овие пари ги купил плацевите.

Се јави Груевски од Будимпешта: Ова е политички прогон против мене

Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Груевски во Скопје

Се јави Груевски од Будимпешта: Ова е политички прогон против мене

Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Груевски во Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот