Обвинителството отвори предмет за скандалот со продажба на станови во Скопје

Фото: МИА

Шестмина граѓани товарат агент за недвижности за измама, бидејќи за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра.

Обвинителството отворило предмет за неименуваниот агент за недвижности кој земал капар од повеќе различни купувачи за еден ист стан, објави МИА, откако по неколку години, повторно се јави случај со манипулација со продавање на ваков тип на недвижнини во Скопје.

ОЈО објави дека пристигнало известувањето од Министерството за внатрешни работи и предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој ќе постапува. Шестмина граѓани товарат агент за недвижности за измама, бидејќи за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра.

Двајца од купувачите веќе платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра. Според договорите за капарсклучени помеѓу купувачите и агентот, воочливо е дека за еден ист стан, тројца граѓани платиле капар од 5.500, 4.500 и 1.000 евра.

Вики Димчевска, агент за недвижности, револтирано: Самопрогласени агенти го уриваат угледот и долгогодишното работење на вистинските и професионални агенции

Времето поминувало а купувачите биле оневозможени да пристапат кон купување на станот во кој што поскоро планирале и им било потребно да се вселат.

Бидејќи сето тоа им станало бесмислено, а агентот бил недостапен, граѓаните во потрага по одговори започнале да ги бараат и контактираат сопствениците на становите кои биле наведени во договорите, како и нотарот кој претходно им бил посочен од агентот. Стапувајќи во контакт со нив, дознале дека тие воопшто не се запознаени со случајот и дека станува збор за измама.

Контактирајќи ги гореспоменатите, по сплет на околности, петте оштетени граѓани дознаваат еден за друг, се наоѓаат и успеваат да го „измамат“ агентот, така што на 24 март се сретнуваат со него и го пријавуваат во полиција. При пријавувањето бил присутен и агентот, со што им ветил дека ќе им ги врати парите за 10 дена. Меѓутоа, и по истекот на предвидениот рок, граѓаните не ги добиле своите пари назад.

Првите пет пријави биле доставени до Секторот за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи на 24 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот