Обвинителството објави детали од грозоморниот случај во Струга: Жртвата на тројцата мажи имала само 13 години

Фото: илустрација / Profimedia

Обвинителството објави детали околу случајот во струшко што ја потресе јавноста, во кој двајца повозрасни луѓе и еден тинејџер сексуално злоупотребувале и силувале 13-годишно девојче.

Тројцата осомничени се товарат за Силување на дете кое не наполнило 15 години, Прикажување порнографски материјал на дете по член 193 и Задоволување на полови страсти пред друг. Основното јавно обвинителство Струга денеска поведе истрага против две лица, на возраст од 56 и 68 години, а поднесе барање за поведување на подготвителна постапка против 17-годишниот малолетник.

„Со претходната постапка во која обвинителството за испитување на целиот случај формираше посебен тим од полициски службеници, експерти од Центарот за социјални работи и стручни лица за детска психијатрија и психологија, беа обезбедени докази кои упатуваат дека првиот осомничен во текот на 2018 и 2019 година, во неколку наврати извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2009 година.

Тој дејствијата ги вршел во неговиот и во домот на оштетената, искористувајќи блиски релации и момент кога родителите на девојчето не биле во близина. Од тие причини тој е осомничен за продолжено кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години.

Вториот осомничен, во текот на пролетта 2022 година, додека продавал прехранбени производи во близина на основно училиште, искористил момент кога две девојчиња родени 2009 година дошле кај него за да купат храна и од својот мобилен телефон им прикажувал снимки со порнографска содржина. Жртвите тој ги допирал и ги наведувал да вршат полови дејствија пред него.

Детето во судир со законот, малолетник роден 2005 година, се обидел да изврши полов однос со употреба на сила врз девојче родено 2009 година. Жртвата го удрила за да се одбрани, по што тој започнал да ја влече и да ја носи зад училишната зграда. Оштетената давала отпор цело време и барала помош. Тој ја соборил со сила на земја и започнал да ја допира, но престанал бидејќи се приближиле други деца“, велат од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор и за двајцата полнолетни осомничени и за детето во судир со законот, оценувајќи дека постои опасност тие да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците/жртвите или да го повторат делото​.

Грозотија во струшко: Двајца мажи во години и тинејџер силувале девојче, еден од педофилите бил близок на семејството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот