Обвинителството на Истанбул подигна обвиненија против 20 лица поради убиството на Кашоги

Џамал Кашоги/фото:EPA-EFE/ALI HAIDER

Обвинителството на Истанбул подигна обвиненија против 20 лица осомничени поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во октомври 2018 година.

Против 18 Саудијци покренато е обвинение за „убиство со предумисла”, а  двајца се обвинети за  „потикнување на убиство”.

Двајцата обвинети за „поттикнување на убиство” се Сауд ал Кахтани, советник на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и поранешниот прв човек на саудиското разузнавање генерал Ахмед ал Асири. Другите 18 лица се обвинети за извршување на убиството на Кашоги.

На 2 октомври 2018 година Кашоги влезе во Амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш му се губи секаква трага. Тој беше познат критичар на саудиската власт. На 20 октомври официјален Ријад призна дека новинарот е убиен во Амбасадата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот