Обвинителството ќе побара притвор за возачот на косовскиот автобус

Фото: Screenshot/YouTube

Жупаниското државно обвинителство во Славонски Брод ќе побара притвор за возачот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 лица, а беа повредени повеќе од 40 луѓе, најави заменикот на државната обвинителка Фрањо Копуниќ, пренесе Танјуг.

Рочиштето на кое ќе се одлучува за тоа барање се одржува денеска во Жупанскиот суд. За време на испитувањето возачот се бранел со молчење.

Од Државното обвинителство рекле дека возачот во моментот на несреќата бил изморен и неспособен за безбедно возење.

Според поднесената кривична пријава, на возачот му се заканува казна затвор од шест месеци до 15 години.

Во тешката несреќа која се случи во неделата изутрина на автопатот А3 во Хрватска, автобусот кој од Франкфурт патуваше кон Приштина излета од патот и се преврте, при што загинаа 10 лица, од кои девет патници и еден возач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот