Обвинителството ќе каже дали излеаните токсини во ОХИС ќе се испраќаат во странство

Фото: Фејсбук

Поради тоа што во МВР нема соодветна лабораторија, мострите кои треба да покажат какви хемикалии се ислеаа во ОХИС, ќе се испитуваат во странство.

Сепак, според пишувањата на „Фокус“, претходно тоа треба да го дозволи обвинителството, доколку од таму утврдат дека постојат сомневања за кривично дело кое предизвикало опасност.

Оваа одлука ќе зависи од резултатите кои ќе ги даде Биохемиската лабораторија во Штип, која треба да соопшти колкава концентрација од отровната материја која се излеа во ОХИС има во воздухот.

Исто така, изминатиот период со фирмата „Екоцентар 97“ било склучен договор за отстранување на токсичните хемикалии, за која треба да се утврди дали работела по стандардите.

Според „Фокус“, од 11 хемикалии досега е остранет само хлорот, додека 400 метални буриња чекаат на ред да бидат транспортирани во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот