Пожар во Кочани/ Фото: Слободан Ѓуриќ

Обвинителството ја продолжува истрагата за пожарот во Кочани, во притвор се 16 осомничени

Обвинителскиот тим задолжен за дејствијата во рамките на предистрагата за несреќата во Кочани продолжува да презема дејствија, велат од Основното јавно обвинителство (ОЈО).

„И во текот на денешниот ден, со цел координација на активностите, во Кочани е и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски.

„Врз основа на обезбедените докази, се испитува улогата на 16 лица за кои обвинителството побара и обезбеди мерка 48-часовен притвор. Претрес денеска беше извршен и во просториите на Општина Кочани. Попладнево, до надлежниот суд, Основното јавно обвинителство Кочани ќе достави предлог за определување краткотраен притвор за уште едно лице“, велат од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот