Обвинителството истражува дали на новите снимки објавени на интернет е гласот на Камчев

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Обвинителството отвори предмет за новите аудио снимки кои во саботата беа објавени на „Јутјуб“ каналот и ќе истражува кој ги објавил, нивната содржина, но и дали навистина на снимката е зборува бизнисменот Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империја“, а сега клучен сведок во случајот „Рекет“.

– Јавното обвинителство во врска со новообјавените аудио снимки на социјалните мрежи отвори предмет. Надлежен јавен обвинител во постапката ќе утврдува кој ја објавил содржината, идентитетот на лицата кои ја објавиле содржината на овие разговори и ги поставиле на социјалните мрежи, потоа идентитетот на лицата кои што разговараат и содржината на разговорите – вели републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески во изјава за Телма.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот