Обвинителството истражува дали Чедомир Јовановиќ го нападнал сопственикот на клиниката Физио центар

Чедомир Јовановиќ/ Фото: Фејсбук

По наредба на Третото основно обвинителство во Белград, полицијата го проверува настанот во кој лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Чедомир Јовановиќ, го нападнал сопственикот на Центарот за физикална терапија „Физио центар” во Нов Белград, изјави портпаролот на обвинителството, Маја Делиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Делиќ додаде дека се прават проверки за тоа дали Јовановиќ го прекршил карантинот откако бил пуштен од болница, каде бил на лекување од Ковид-19, односно дали му е изречен карантин.

Правниот застапник на „Физио центарот” изјави дека Јовановиќ му нанел тешки телесни повреди на својот клиент.

Синоќа Јовановиќ со тениски рекет го нападнал сопственикот на клиниката „Физио центар”, Жарко Ивковиќ, во моментот кога физиотерапевтот прегледувал бебе. Правниот застапник на „Физио центарот”, Дејан Дубајиќ изјави дека Јовановиќ влегол без маска и дека неговиот клиент се здобил со тешки телесни повреди.

– Се фокусирам на суштината, исклучувам сè друго, напиша Јовановиќ на својот профил на Фејсбук.

Тој додаде дека не е сигурен што може да очекува во иднина, но дека не се плаши од неа бидејќи знае за кого живее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот