Обвинителството и полицијата ЗАТЕЧЕНИ од случајот Богоевски

Пратеникот Павле Богоевски не дава одговор на прашањето како ќе одговори на сите повици за негова оставка од пратеничката функција откако јавно соопшти дека нелегално набавувал масло од канабис. Овој случај се појави во јавноста откако тонска снимка од телефонскиот разговор во кој се договара купопродажбата се објави на социјалните мрежи.

– Вчера кажав се што имав за овој случај, немам што да додадам – вели Богоевски.

Од кабинетот на Претседателот на Собранието, велат дека се постапува според Уставот и Деловникот на Сoбранието.

– Претседателот на Собранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност. Во овој момент нема основ за каква било постапка. Собранието очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот – велат од кабинетот на Талат Џафери.

На прашањето како пратеничката група на СДСМ го коментира настанот и дали ќе преземе нешто во врска со тоа, координаторт Јован Митревски, вели дека тука може да се зборува за моралните аспекти кое се на лична совест на секој пратеник, како и на секој друг човек.

Богоевски вчера соопшти дека во полиција пријавил дека таксист кој го превезувал неовластено го снимал. Од Министерството за внатрешни работи велат дека во врска со овој случај вчера во 15 часот е поднесена пријава и дека постапуваат согласно нивните надлежности. Но, оттаму не даваат одговор на прашањето дали се постапува само во врска со тоа дека пратеникот Богоевски бил неовластено сниман од таксист или се испитува и неговата јавна изјава дека на црно договарал набавка на масло од канабис.

Во текот на денот за случајот се очекува да се изјасни и Јавното обвинителство.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот