Обвинителството го предупреди Пленковиќ за вршење притисок

Државното обвинителство го предупреди хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за законот кој  забранува вршење притисок врз Обвинителството, по повод неговата неодамнешна изјава дека Обвинителството може да ја истражи дури и највлијателната опозициска СДП.

Пленковиќ тоа го рече откако минатата недела беа уапсени група членови на ХДЗ, осомничени за коруптивни дела и злоупотреба на службената должност, меѓу кои и истакнатиот член на ХДЗ и поранешната градоначалничка на Книн, Јосипа Римац.

– Што се однесува до активностите за кои се алудира, кои се од корумпирана природа, очекувам телата, како полицијата, така и државното правобранителство, да ги гонат и оние дела што се однесуваат на СДП, рече претходно Пленковиќ и како пример ги наведе јавните набавки околу Европската престолнина на културата во Риека.

Тој рече дека очекува исти аршини да се применуваат кон сите.

Обвинителството, преку соопштение на официјалната веб-страница,  го предупреди Пленковиќ дека постои забрана за вршење притисок и каква било форма на влијание, особено против државните обвинители и нивните заменици, за злоупотреба на јавната функција и користење медиуми и јавни настапи во кривични случаи со цел заштита на државниот имот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот