Обвинителство собира докази за насилството врз детето во Аеродром

Јавното обвинителство ги собира потребните докази за расветлување на случајот во игротеката во Аеродром каде што дадилка беше снимена како тепа двегодишно дете.

Од таму потенцираат дека ќе бидат преземени сите дејствија во истражната постапка за откривање на случајот кој ја потресе земјава, јавува 24 вести.

„ОЈО во предметот ги собира сите материјални и вербални докази за да ги утврди фактите. Согласно законот, во моментов не може да се споделат детали околу истражните дејствија кои се преземаат. Јавноста веднаш ќе биде информирана за текот на постапката кога ќе се создадат услови за тоа“ – велат од ОЈО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот