Обвинителство ќе ги „фаќа“ радарите на Рашковски

Фото: Слободен печат

Oбвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека е отворен предмет и се постапува во врска со случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем.

– По реакциите во јавноста во кои обвинителството се повикува да го расветли случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека веднаш по објавената аудио-снимка е отворен предмет по допрен глас. Во меѓувреме кон овој предмет е споена и кривичната пријава поднесена од страна на политичка партија. Во август надлежниот јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Наредена е и темелна анализа на документацијата, по што обвинителството ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

Антикорупциска веќе имаше отворено предмет за тендерот за инсталација на АТМ систем за управување со воздушен сообраќај и улогата во него на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот