Обвинителот Хауард: Полицаецот осомничен за убиство на Афроамериканецот Брукс до среда ќе биде обвинет

Фото: Принтскрин

Полицаецот од Атланта, Герет Ролф, кој е осомничен дека употребил огнено оружје при приведувањето на Афроамериканецот, Рајшард Брукс, е отпуштен од работа и може да биде обвинет за едно од три кривични дела – убиство, убиство со предумисла или убиство од небрежност, изјави Пол Хауард, обвинител на округот Фултон во државата Џорџија.

Хауард за Си-Ен-Ен изјави дека обвинението ќе зависи од тоа дали Ролф чувствувал непосредна смртна или физичка закана, па затоа ја донел одлуката да употреби огнено оружје или само го употребил за да го фати осомничениот или од некоја друга причина.

-Доколку куршумот го испукал од која било друга причина, а не да го спаси сопствениот живот или да го спречи него или некој друг да биде повреден, тогаш употребата на огнено оружје е нелегална, рече Хауард.

Тој најави дека во среда ќе ја донесе одлуката за обвинението во случајот на убиството на Рајшард Брукс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот