Обвинителот Бурим Рустеми повикан на разговор во ОЈО за случајот „Рекет”

Фото: МИА

Обвинителот Бурим Рустем од Специјалното јавно обвинителство е повикан да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет”.

Од Јавното обвинителство за МИА потврдија дека обвинителот Рустеми е повикан, но поради утрешното судење за „ТНТ” каде тој го застапува обвинението, се уште не е прецизирано точно време, кога ќе биде сослушан.

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет” дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита”, а во врска со случаите „Рекет” и „Империја”.

 

Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јанева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот