Обвинителни предлози за девет лица за употреба на фалсификувани ПЦР тестови на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози против вкупно девет лица, од кои шестмина македонски државјани, двајца швајцарски државјани и една државјанка на Република Босна и Херцеговина, кои во издвоени кривично-правни настани сториле кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од ОЈО, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје тие прикажувале како вистински лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.

– На странските државјани, врз основа на признание на вина, Основниот кривичен суд Скопје веќе им изрече пресуда со која ги огласи за виновни и им изрече условна осуда – казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Исто така, изречена им е и казна протерување на странец од земјата во траење од пет години, посочуваат од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот