Обвинителката Трајчевска за пресудата за убијците на ракометарот Тот: Сите факти се правилно оценети

Судење на тројцата обвинети за убиството на ракометарот Денис Тот/Фото: МИА

Обвинителката Тања Трајчевска денеска не сакаше да ја коментира пресудата за убиството на ракометарот Денис Тот, донесена од судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ. Сепак, смета дека изречената казна е во рамки на законот, наспроти адвокатите кои посочија дека е драконска, пишува „А1он“.

„Казната е во рамки на законски предвидената казна. Така што тоа е одлука на судот. Сите факти се правилно оценети“, рече Трајчевска.

Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години затвор, исто како и второобвинетата Клементина Лефковска. Третообвинетиот Андреј Костовски доби казна од 16 години.

Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот, најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината на казната, но и од основот поради кои се осудени а тоа е кривичното дело убиство.

„Секако само што ќе ја добиеме пресудата уште сега најавуваме жалба. Мислам дека пресудата е драконска, казната превисока. Мислам дека една трагедија не се решава со друга трагедија. Ова за нас претставува голема неправда, но не можам да ви кажам на околности на кои ќе поднесеме жалба, затоа што треба да ја добиеме во писмена форма. Веројатно ќе биде во делот на правната квалификација како што најавивме уште на почетокот. Не постои ни најмал сомнеж дека постои овде умисла кај обвинетите, но таков е ставот на судот, и затоа сме тука ние да го оспориме и да поднесеме жалба“, рече адвокатот Иле Танев, бранител на Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот