Обвинителката Лиле Стефанова ќе сведочи за „Рекет“

Како сведок во судот исказ претходно даде даде и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска.

Поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја” денеска треба да сведочи на рочиштето за случајот „Рекет”.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска и се наоѓа во доказна постапка.

Како сведок во судот исказ претходно даде даде и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска.

Досега исказ дадоа и бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело”, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание”. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

На првото рочиште за „Рекет”, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот