Обвинителите на СЈО „бомбите“ си ги преслушувале и дома?

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Во СЈО со дозвола на поранешната шефица Катица Јанева се работело речиси без да се запазат безбедносните протоколи, пренесе Канал 5 повикувајќи се на извори од обвинителството.

Вработените во СЈО во секој момент можеле да ги преслушуваат бомбите од било кој компјутер. Безбедносниот протокол предвидувал забрана за вмрежување на компјутерите во СЈО, за да се избегне протекување на снимките од прислушуваните разговори и да се спречи вработените неовластено да вршат увид во работата на своите колеги. Но и оваа безбедносна мерка воопшто не била почитувана, односно само мал број на компјутери не биле вмрежени, како што е оној во архивата. Голем број на обвинители дури и ги изнесувале аудио бомбите и си ги носеле дома за, како што објаснувале, во мирна атмосфера да работат на нив.

Од СЈО за „Слободен печат“ велат дека има протоколи за безбедност од највисок вид и дека тие се почитувале. Како што објаснуваат прислушуваните разговори се чувале во посебен сеф од каде ги преземал на УСБ обвинителот кој бил назначен од Катица Јанева. УСБ биле кодирани и не било можно да се користат на друг компјутер освен на тој што го имале обвинителите во СЈО. Кога се слушале „бомбите“ според протоколот комјутерот се исклучувал од мрежниот кабел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот