Обвинителите бараат смртна казна за напаѓачот од Тексас кој уби 20 луѓе

Фото: Принтскрин

Американски обвинители подигнаа обвинение за убиство против напаѓачот од Тексас кој уби 20 луѓе и бараат смртна казна. Властите во државата го водат тој напад како случај на домашен тероризам.

Осомничениот Крусиус е 21-годишен белец од Ален, Тексас. Поднесено е обвинение за убиство, за да може да биде во притвор и индивидуални обвиненија ќе бидат поднесени подоцна за секој убиен и ранет.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека нападот во саботата се чини дека е злосторство од омраза, а полицијата, од манифест за кој сметаат дека е на вооружениот напаѓач, смета дека крвопролевањето е расно мотивирано. Нападот беше извршен во дел од градот со мнозинство латиноамериканско население.

Државниот обвинител Џон Баш, изјави дека ќе бара смртна казна за осомничениот Патрик Крусиус, доколку биде прогласен за виновен и дека федералните власти го третираат масакрот како случај на домашен тероризам.

– Ние ќе го сториме она што им го правиме на терористите во оваа земја, ќе обезбедиме брза и безбедна правда, изјави Баш на прес-конференција.

Само 13 часа по масакрот во Тексас, во Охајо се случи уште едно масовно пукање, каде напаѓач уби девет лица и рани 27 во историско градско подрачје пред да биде застрелан од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот