Обвинители влегоа во бугарската Државна комисија за организирање игри на среќа, приведени над десет вработени

ФОТО: МИА

Полициска акција е спроведена и во просториите на Националната лотарија по налог на Специјалното обвинителство, но засега не се соопштуваат детали.

Претседателот на бугарската Комисија за организирање игри на среќа, Александар Георгиев денеска е задржан на сослушување по спроведената акција од страна на Специјалното обвинителство.

Во акцијата е приведен и шефот за контрола во Комисијата, како и над десет вработени во одделот.

Тоа е втора акција во Државната комисија за организирање игри на среќа, откако пред една недела обвинители влегоа во истата и одземаа документи во врска со начинот за пресметување на таксите за државната лотарија.

Шефот за контрола во Комисијата изјави дека не е загрижен и ќе соработува со Обвинителството.

Полициска акција е спроведена и во просториите на Националната лотарија по налог на Специјалното обвинителство, но засега не се соопштуваат детали.

Полицијата и обвинители утрово извршија проверка и во седиштето на компанијата „Нова холдинг”, сопственост на бугарскиот олигарх и бизнисмен Басил Божков. Истовремено се вршат претреси и во поранешната резиденција во паркот „Витоша“, за која се смета дека е поврзана со Божков.

Списанието „Впрост“ (Wprost) во 2008 година го прогласува бизнисменот за најбогат Бугарин со богатство од 1,35 милијарди евра, но неофицијално се претпоставува дека неговата финансиска состојба изнесува над 6,5 милијарди евра. Божков е познат по прекарот „Череп”, а во внатрешната коресподенција на Стејт департментот е определен како „најозлогласениот криминалец во Бугарија“.

Во 1991 година Божков станува партнер во компанијата за игри на среќа Еј Џи Ем. Отвора казино во хотелот „Рила“ во Софија, а во 2007 година е сопственик на казината во „Радисон САС” и „Хемус“, како и на сали за бинго.

Во 2006 година тој го купува поранешниот Фонд за приватизација „Холдинг Патишта”. Главен акционер на „Холдинг Патишта” е „АБВ Инженеринг”, кој, пак, е сопственост на „Нова интернал“, ќерка-компанија на „Нова холдинг”. Преку „Нова холдинг” Божков купува голем дел од регионалните државни фирми за изградба на патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот