Обвинетите од „27 април“ побараа доказ да бидат и забелешките од УБК

Голем број барања за докази достави одбраната на организаторите на крвавиот „27 април“ чие што судење почна денеска. Обвинетиот екс собраниски спикер Трајко Вељаноски побара да се одложи рочиштето бидејќи судската покана ја добил пред четири дена и немал време да се подготви за воведните зборови.

Обвинетиот екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески доставил ЦД со изјава од Собранието на пратеникот Крсто Мукоски кој побарал изјавата да биде доказ за судскиот процес за сега обвинетите.

Обвинетите и нивните адвокати поднесоци до судот поднесувале до вчера. Како докази се побарани и сите забелешки од УБК, кои се однесувале на операцијата ,,Платформа”.

Судот денешните воведни зборови ги одложи за 27 овој месец.

Во судскиот процес како обвинетите организатори на настаните во Собранието на 27 април, 2017 година се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски. Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот