Обвинетиот Трајковски цел час испрашува професор од Градежен

Владимир Арсовски, професорот на Архитектонскиот факултет во Скопје, сведочи денеска во процесот „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство. Денешното судење започна со безмалку час задоцнување.

Причината беше банална. Полицијата не го донесе на време во суд обвинетиот екс-министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во домашен притвор.

Предметот „Т.Н.Т.“ се однесува за незаконското уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Професорот Арсовски веќе еден час одговара на прашања поставени од обвинетиот Тони Трајковски, екс-градоначалник на Гази Баба. Прашањата најмногу се однесуваат на неговиот потпис на стручното мислење дадено од професорот Мирослав Грчев.

Неколкупати судијата Огнен Ставрев ги прифати приговорите на обвинителот Бурим Рустеми од СЈО, кој нагласи дека обвинетиот не ги поставува прашањата како кон сведок, туку како кон вешто лице. За предметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот