Обвинет за трговија со дрога, се бараат 12 години затвор за поранешен албански министер

Визион Плус

Албанското Обвинителство за тешки злосторства бара 12 години затвор за поранешниот министер за Внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири.

Според информациите на Визион Плус ставот на обвинителите е даден денеска за време на судското рочиште во просториите на Судот за тешки злосторства.

Ова судска инстанца, на последната седница пред летните одмори, го прими барањето за скратена пресуда на поранешниот министер Тахири.

Поранешниот министер, заедно со Јаелд Чела, поранешен директор на полицијата во Валона, Сокол Боде, поранешен полициски офицер и Ѓерѓ Кохила, поранешен полициски офицер, се обвинети за кривични дела „трговија со наркотици“ во соработка со структурирана криминална група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот