ОБВИНЕТ ЗА ШПИОНАЖА: Софија прогласила руски дипломат за персона нон грата и подигнала постапка

Фото: Википедија

Бугарските власти прогласиле руски дипломат во амбасадата во Софија како „персона нон грата“.

Руската амбасада во Бугарија за новинарската агенција ТАСС потврдила дека канцеларијата на бугарскиот државен обвинител покренала кривична постапка против дипломат за обвинение за шпионажа.

„Амбасадата примила известување од бугарското министерство за надворешни работи дека еден од членовите е прогласен за „персона нон грата“. Дипломатот ќе ја напушти земјата во утврден временски рок. Руската страна го задржува правото да врати со реципрочна мерка“, се наведува во соопштението на амбасадата.

Канцеларијата на бугарскиот државен обвинител вчера соопштила дека е покрената кривична постапка против руски дипломат осомничен за шпионажа. Во исто време, случајот е суспендиран, бидејќи осомничената личност има дипломатски имунитет.

Претходно, бугарската телевизиска станица Нова, повикувајќи се на министерството за надворешни работи, изјавила дека рускиот дипломат вчера не ја напуштил земјата и заради тоа е упатено официјална осомничениот да ја напушти државата во рок од 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот