Обвиненијата за поткуп и измама за Нетанјаху дополнително го „подгреваат“ политичкиот хаос во Израел

Актуелниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот јавен правобранител го обвини премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху за поткуп, измама и злоупотреба на позицијата во врска со три различни случаи, пренесе Би-Би-Си.

Нетајнаху наводно прифатил подароци од богат бизнисмен и распределувал услуги во обид да добие позитивни критики од медиумите.

Тој отфрла дека направил нешто незаконски и вели дека е жртва на „лов на вештерки“ од неговите левичарски политички опоненти и медиумите.

Инсистира дека нема да се повлече од позицијата и легално не е обврзан да го направи истото.

Обвиненијата за Нетанјаху доаѓаат во момент на политичка нестабилност во Израел, откако по парламентарните избори во април и септември партиите во земјата не успеаја да состават влада.

Вчера, главниот ривал на Нетанјаху за премиерската фотелја, Бени Ганц, рече дека не е во можност да состави мнозинство во парламентот и да формира владеачка коалиција.

Откако не се формираше владата, многу е веројатно во Израел да се одржат трети парламентарни избори во една година, нешто што никогаш претходно не се случило во оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот