Обвиненија за повеќе од 20 демонстранти од Хонг Конг

Фото: EPA

Против повеќе од 20 учесници на протестите во Хонгконг се покренати обвиненија поради предизвикување немири, што се најсериозни обвиненија откако минатиот месец почнаа масовни собири против контроверзниот закон за екстрадирање поради судење осомничени во Кина, каде, како што сметаат демонстрантите, нема да имаат праведен судски процес.

Пред судската зграда ги дочекале други демонстранти, во знак на поддршка.

Полицијата синоќа соопшти дека поради предизвикување немири се обвинети 44 луѓе, а едно лице е обвинето за поседување оружје. Обвинетите, според наводите на полицијата, поставувале блокади, кршеле огради и сообраќајни знаци и фрлале кон полицијата со тули и метални шипки.

Пред судот денеска се појавиле само 23 обвинети лица, кои се пуштени со кауција, а изрекувањето на казните е закажано за 25 септември.

Информацијата за покренување обвиненија предизвикала доцна синоќа нови протести пред две полициски станици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот