Обвинението за организаторите на „27 април“ ќе причека до декември – Слободен печат
Хроника

Обвинението за организаторите на „27 април“ ќе причека до декември

Во овој случај обвинети се Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Најмалку еден месец ќе се чека судот да одржи седница за оценка на обвинението за организацијата на „27 април“.

„Советот за оценка по барање на одбраната, денеска ја одложи закажаната седница и на одбраната и дозволи увид во доказите. Имено, одбраната истакна дека обвинителството во досегашниот тек на постапката не им дозволило увид во сите списи од предметот па со цел заштита на правата на странките, судот во согласност со одбраната на 11 ноември дозволи во текот на целиот ден одбраната да врши увид во списите. Со оглед дека ниту обвинителот ниту одбраната не можат порано да присуствуваат на термини кои им беа понудени од советот, седницата за оценка на обвинителниот акт е закажана за 6 декември“ соопштија од Кривичниот суд.

Во овој случај обвинети се Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close